Во Бугарија запленети 32 тони сомнително јагнешко месо од Македонија
Во пресрет на празниците Велигден и Ѓурѓовден, Бугарската агенција за храна запрела 32 тони јагнешко месо. Исто така и Бугарското национално здружение за овчарство пред неколку дена излегла со соопштение дека пред празниците во Бугарија биле внесени 200 тони јагнешко месо од Македонија, кое се продава за околу 14 лева (7 евра) за килограм и ја намалува цената на бугарските производители. Бугарските сточари дури подготвувале и протест, но откако добиле гаранција од официјалните власти за зголемена контрола, ја откажале оваа намера, пишува бугарски „Медиапул“.
„При целосен увид извршен денеска, откриени се погрешни практики во однос на потеклото на месото што го продава претпријатието“, наведуваат од Агенцијата за храна, стои во текстот.
Издадена е наредба да се докаже сообразноста на замрзнатото јагнешко месо со потекло од Македонија и да се информираат сите изведувачи кои го добиле македонското јагнешко месо за неговото потекло.
-На операторот ќе му бидат доставени два акти за утврдување административен прекршок, од аспект на следливост на примените серии и од аспект на погрешни информации за потеклото на месото, пишува бугарскиот медиум.
Според податоците на Здружението за овчарство, поради евтиниот увоз од Македонија минатата година, над 20.000 бугарски јагниња останале непродадени и сега ќе се случи истото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…
Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…
Двајца државјани на Македонија се приведени на…
Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…
Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…
Дачиќ: Запленети се три тони стероиди во…
Вицепремиерот на Република Србија и министер за…