Во делови од Тетово и Гостивар отежнато движење, СВР Тетово апелира: Да не се патува на планина без зимска опрема

Поради снегот денеска продолжи одлуката за задолжителна зимска опрема –синџири за снег за оние кои што сакаат да одат до Попова Шапка и Маврово.
–Апелирам до граѓаните да не тргнуваат по овие патишта без зимска опрема, односно без ланци, бидејќи може да се заглават на коловозот и да го блокираат целиот сообраќај. Така да, со летни гуми, како што наидовме кај некои граѓани, не треба ни да помислат на тоа затоа што полицијата на местата на тргнување кај жичарницата Тетово и почетокот на патот за Маврово, спроведува контроли и овие автомобили ќе бидат вратени и ќе добијатг соодветни претставки, изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
Од општина Тетово велат дека ги чистат и коловозите и тротоарите, а на повисоките места отежнато е движењето поради постојаните врнежи.
-Општина Тетово ги презема неопходните мерки за чистење на патиштата при врнежи од снег, но бидејќи врнежите се постојани, ова го отежнува чистењето на снегот во планинските села. Во некои делови успеавме да интервенираме, но треба повторно да интервенираме. Исчистено е и во градот, каде што ќе продолжиме со чистење на тротоарите, како што почна акцијата синоќа, додека денеска ќе продолжиме со фрлење на сол, изјави Бесарта Рамадани, портпарол на општина Тетово.
Речиси слична е состојбата и во Гостивар. Во некои планински села движењето е отежнато, но градоначалникот вели дека екипите се на терен.
–Вчера општина Гостивар ги стави во функција и економскиот оператор и двете јавни претпријатија и почнавме со пред подготовки. Засега сите патишта во градот и селата се исчистени и се проодни. Денеска се чистеше и во четири планински села до кои поради обилните снежни врнежи вчера не можеше да се стигне, а заклучно со овие села целата територија на општина Гостивар е проодна и исчистена од снег, изјави Ваљбон Лимани, градоначалник на општина Гостивар.
И покрај тоа што синоќа на патиштата имаше голомразица, немаше сообраќајни незгоди, освен два случаи каде е причинета само материјална штета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снег на Стража, Буково, Ѓавато и Пресека,…
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…
Жена прегазила 18-годишна девојка во Тетово и…
Уште еден инцидент со прегазен пешак се…
(Видео) Пожар во трговскиот центар во Тетово
Доцна попладнево избувна пожар во Градскиот трговски…
Касами: Работната група за менување имиња на…
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, најави дека…
„Центар за култура“ во Тетово повикува граѓани…
Центарот за култура во Тетово повикува граѓани…