(Во живо) Арсовска: Повеќе од 30.000 евра се пренаменети наместо за скапи ручеци и бифтеци за оброци на оние на кои им се најпотребни

t

Градоначалничката во Град Скопје во денешната прва епизода на “Наше Скопје” истакна дека Градот ги пренаменил средствата за скапи ручеци и кафани з алица на кои тоа најмногу им е потребно.

Нападите кон мене започнаа од денот кога кажав дека ќе има одговорност од сите кои незаконски искористиле буџетски средства од Градот. Јас не верувам дека некој друг имал толку многу напади во првите 100 дена и небулози, лаги искажани за да се сокрие вистината, а сето тоа дека јас кажав дека ќе следи одговорност.

Средствата на граѓаните биле злоупотребени и не е важно дали се злоупотребени 1 денар или еден милион. Ние средствата трошени за бифтеци и ручеци ги пренаменивме за оброци за лицата од социјален ризик, за бездомни лица.

Тоа се првично околу 30.000 евра. Соработуваме со голем број на организации кои знаат кое е местото каде овие оброци најмногу ќе помогнат.

Пренаменети се и други средства, нема возење службени возила надвор од работно време. – истакна Арсовска.

Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=1384157105357593&notif_id=1650911435891017&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се трага по 17-годишно момче од Скопје

На 15.08.2022 во 00.10 часот во Полициската…

Прскање против возрасни форми на комарци овој…

Авионската дезинсекција против возрасни форми комарци на…

Ракија не е за секого: Прободен и…

Британски војник бил нападнат за време на…

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на…

(Фото) Ексклузивно: Кај е Гоце, нека стане…

Вредни луѓе вечерва го разубавиле Скопје. Инфомакс…