(Во живо) Вучиќ подготвен да интервенира: Чеченци противници на Кадиров стационирани на Косово – Србија нема да дозволи нови колони со избеглици од Северот на Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати до јавноста по средбата со претставници на Србите од Косово и Метохија во врска со тензичната ситуација во јужната српска покраина и преговорите што се водеа на оваа тема во Брисел.
Вучиќ истакана дека Србија нема да дозволи нови колони со избеглици од Северот на Косово и дека државата спремна да интервенира.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во обраќањето пред граѓаните истакна дека од 1999 година на Косово се врши перманентен терор врз српското население.
– Уште од 1999 година, кога со Кумановскиот договор и Резолуцијата 1244 на ОН беа протерани безбедносните сили на Србија и СРЈ од Република Косово, се врши постојан терор врз српското население. Ова резултираше со прогон на повеќе од 210.000 луѓе, чии станови и куќи беа украдени, многумина беа убиени, нашите светилишта беа уништени – рече тој. Тој посочи дека и денес е на сила Резолуцијата 1244, која никој не ја укинува, ниту може да ја укине бидејќи е документ на ОН.
Вучиќ открива дека на Косово во моментов се наоѓаат чеченски и черкески државјани кои се јавни противници на режимот на Рамзан Кадиров во Русија. Тој потенцира дека неговите разузнавачки информации велат дека тие се распрашувале за безбедносната состојба на Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…