(Во живо) Постоеше отворена и скриена кампања за бојкот – Зошто МПЦ не ги убедуваше граѓаните да се попишат?

t

Во денешната епизода на Тешки муабети, гостин беше директорот на ДЗС, Апостол Симовски и се зборуваше за резултатите и последиците од пописот.

“Во дијаспората постоеше силна кампања за непопишување, исто како и тука во државата. Зошто МПЦ не почна кампања да ги убеди верниците надвор од државата да се попишат? Јас трипати сум гостувал на радио во Австралија, луѓе не сакаа да се попишуваат во Северна и слично.


Тие што лицитираат со бројки и со законски измени врз основа на бројките на националност, доколку ги злоупотребуваат податоците, треба да си сносат политичка одговорност. Јавно повикуваа на бојкот Левица, партијата на Јанко Бачев и здружението Не отварам врата, луѓето што бојкотираа се жртви на овие повици. Дополнително ВМРО-ДПМНЕ ја оспоруваше методологијата на пописот. Не може вие да промените софтвер затоа што на некој му текнало дека сака фингерпринт. Нека повели Мицкоки нека направи електронски попис, ако можело ние први ќе го направевме.” – истакна Симовски.

Следете ја емисијата во живо: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=651464159262700&notif_id=1649013298184886&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јотова: Нема причина да го тргнеме ветото,…

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова не гледа…

Спасовски открива дека МВР спречила хакерски напади…

„Ние сме прогласени од Русија за земја-непријател,…

Богоев ја нападна Левица: Кој ве плати…

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев смета дека…

Кривични за сите кои учествувале во фингираниот…

Левица не го признава овој попис и…