Во Косово уапсени шестмина полицајци за ненамерно убиство на нивен колега

t

Полицискиот инспекторат на Косово (КПИ) соопшти дека, поради синоќешниот несреќен случај во село во близина на Приштина, во кој беше убиен припадник на полицијата, уапсен е полицаецот осомничен за убиството, како и петмина негови колеги, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што информира КПИ, суспендирани сè уште деветмина други полициски службеници кои биле присутни на приватна седенка во селото Златар, на која синоќа на полноќ беше убиен полицаецот од случаен истрел од пиштол од страна на негов колега.


Ниту еден од 15-те полицајци, кои присуствувале синоќешната седенка не бил таму во својство на службено лице.

– Повреденото лице, во случајов полициски службеник, е пренесен во болница, но и покрај напорите на лекарите тој починал како последица на здобиените повреди. Според прелиминарните истражни дејствија, се претпоставува дека настанот се случил на приватна седенка, на која учествувале 15 полициски службеници, сите надвор од службените задачи. Осомниченото лице во овој случај е уапсен од КПИ под сомнение дека го извршил кривичното дело убиство и со одлука на обвинителот му е одреден притвор во траење од 48 часа и е суспендиран од службата, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Купил две пушки и 375 куршуми легално:…

Деветнаесетте деца и двајцата наставници убиени во…

Бразилската полиција ловеше наркобосови: 13 лица загинаа…

Најмалку 13 лица загинаа кога полицијата во…

Курти во САД побара американскиот камп Бондстил…

Курти во САД побара американскиот камп Бондстил…

Курти бара Бондстил да стане постојана воена…

За време на престојот во САД, косовскиот…

Албанија ќе лобира за прием на Косово…

Претседателката на албанскиот парламент Линдита Никола на…