Во НАТО ако не го кажете ставот значи дека немате став – Каков став пренесе Славјанка во НАТО?

Неспорно е дека секој има право да си ги каже своите гледишта. Мојата изјава не е само лично моја, туку е изјава на државниот врв и го одразува ставот на државниот врв оти Македонија е земја членка на НАТО. Во НАТО нема членки од прв или втор ред и ако сте членка на НАТО треба да го кажете својот став оти во спротивно излегува дека немате став, вели Славјанка Петровска, министерка за одбрана.
Петровска пренесува дека ставот на Алијансата е дека нема да бидат вклучени војници на НАТО во земја која не е членка на НАТО туку дека се преземаат мерки за заштита на земјите кои се членки на НАТО. Алијансата и земјите членки упатуваат повик за дипломатско решение, но потребно е и да се биде подготвен. Во Македонија не е подигната борбената готовност, а тоа се прави со указ на претседателот како врховен командант, појаснува министерката за одбрана.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Украина им се брза: Зеленски бара…
Украина прифатила дека членството во НАТО повеќе…
Анти-НАТО протест во Мадрид
Илјадници луѓе денеска протестираа во Мадрид поради…
Притисок врз Ердоган: Турција да го направи…
Француската министерка за надворешни работи, Катрин Колона, вели…
Друго е кога ќе се спомне Сармат:…
Украина веројатно нема да презема чекори за…
Ердоган на Столтенберг: Нема напредок за влезот…
Шведска и Финска допрва треба да преземат…