ВО НОВИОТ МЕСЕЦ НИ ДОАЃА И СНЕГОТ – до крајот на неделата очекувајте и вистински студ со минусни утра

Во следните денови ќе се задржи студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула.
В четврток кон крајот на денот и во текот на ноќта, како и в сабота ќе има врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет.
Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, в петок и за време на викендот ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието.
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во четврток времето ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
во петок времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во утринските часови со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Во сабота времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДСЗИ не констатирал грешки во третирањето на…
Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден…
ИНИЦИЈАТИВАТА НА ЛЕВИЦА ЛО НЕГОТИНО ЗА ХУМАНИТАРНИ…
ИНИЦИЈАТИВАТА НА ЛЕВИЦА ЛО НЕГОТИНО ЗА ХУМАНИТАРНИ…
Се преврте патничко моторно возило
Нова непосакувана ситуација на македонските патишта... Предмалку…
ХРВАТСКА СОНУВА ЗА АПСЕЊЕ НА ПУТИН! Пленковиќ…
Доколку рускиот претседател Владимир Путин, по кого…
„Никогаш не заборавајте“: Србите во Виена одбележаа…
Србите во Виена вечерва одржаа митинг по…