Bo oвиe мигoви вaжнo e дa cмe cплoтeни co чecнa миcлa и дoбри дeлa, сaмo тaкa ќe имaмe мир

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот Рождество Христово Божиќ која во продолжение ви ја пренесуваме интегрално:

Дозволете ми од мое лично име, и од име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам најголемиот христијански празник Рождеството Христово – Божиќ, тоа е денот кога започнува спасението, зошто да не беше Божиќ, немаше да го имаме Велигден, а со тоа и Воскресението и Божјото спасение за луѓето.
Во мигови како овој важно е да бидеме сплотени, со чесна мисла, и со добри дела, само така ќе имаме мир и спокој во душите, но и во рамките на нашите можности ќе го менуваме општеството на подобро.


На трпезите оваа година за жал ќе имаме една горчина поради се поголемата економска криза и немаштија и тоа се работите кои човека го оставаат нерамнодушен, но и треба да се голем поттик за работите да ги менуваме, а ќе ги менуваме заедно, со верба, надеж, знаење и мотив за иднина каква ја заслужува секој еден човек.
Затоа сплотени и со верба во Бога да работиме за подобро, да создадеме услови кои ќе значат поттик и ослободување на интелектуалната сила и креација на секој еден човек, да ја ставиме на располагање секој движечка сила во функција на заедничкиот развој и промени кои ќе донесат иднина.

Нека Христос ви подари мир и спокој, да ве води низ животот и да биде вашата сила, за хармонија, развој вам и на вашите семејства.
Христос се роди!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонските здруженија и партии од Албанија со…

Во пресрет на големиот празник, Христовото воскресение…

Рускиот Конзулат во Битола со честитка по…

Рускиот конзулат во Битола на официјалната Фејсбук…

Мицкоски со честитка за Свети Сава: Само…

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. Д-р. Христијан Мицкоски,…

Честитка од Претседателот Пендаровски по повод Свети…

Претседателот Пендаровски им го честита на припадниците…

Мицкоски се мајтапи со Таче: Да се…

Да можеше водење на држава да се…