Објавено на:

Во петок е голем празник: Ѓурѓовден е врзан за здравје и женачка- еве што треба да направите

t

Православните верници во петок, на 6 мај, го прославаат Ѓурѓовден- празникот врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување.

Овој светец се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодност на стоката и добри посеви.


Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња, капење во река.

Венецот сплетен од цвеќиња треба да се стави на влезната врата во куќата и тоа значи дека домот и годината ќе бидат богати.

Наутро со билките и со цвеќињата што домаќинката претходно ги потопила во вода, прво се мијат децата за да бидат здрави како дрен преку цела година, девојките и момчињата се грабаат околу нив, старите да бидат витални, а домашните куќата да им биде чувана.

Се верува дека на Ѓурѓовден не треба да се спие, бидејќи главата може да ве боли цела година.

Во селата се палеле големи огнови за да се избркаат сите зли и лоши сили.

Се верувало и дека ако е ведро, годината ќе биде плодна, а ако врне, дека ќе биде сушна година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи откри: Ова е најкритичен и неприфатлив…

Вметнувањето на протоколот во преговарачката рамка го…

Србија ќе има најмодерна заштита од град…

Природните непогоди, од почетокот на пролетта, многупати…

Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25-те…

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели…

Протести во Грузија по недобивањето кандидатски статус…

Неколку десетици илјади луѓе се собраа вечерва…

Путин им се обрати на матурантите: Поставете…

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин им…