Во САД дистрибуирани 1.8 милиони вакцини против мајмунски сипаници

Како што јави С-Ен-Ен, ова вклучува и дополнотилени 1.8 милиони дози „Јунеос“ вакцини и забрзување на нивната дистрибуција од страна на Министерството за здравство.
Објавата доаѓа откако најновите податоци на Центрите за контрола и превенција на заболувањата укажуваат дека досега во САД се регистрирани повеќе од 13,500 случаи на мајмунси сипаници, а заклучно среда, повеќе од 39,000 случаи се забележани низ целиот свет.
Во САД досега не се забележани смртни случаи од оваа болест. Од ЦДЦ јавуваат дека сегашната епидемија на мајмунски сипаници најмногу е поврзана со полова активност.
Според водичот на ЦДЦ, овие сипанци „може да ги добие секој… преку близок контакт, најчесто кожа на кожа, или преку интимен контакт што вклучува полов однос, гушкање, масирање и бакнување“.
Според најновите сознанија, во САД, најранлива група се мажите кои имаат полов однос со мажи. Тие се со највисок ризик да бидат заразени.
На брифингот денеска, министерот за здравство, Kсавиар Бесера, директорката на ЦДЦ, д-р Рошел Валенски и координаторот на Белата куќа за справување со мајмунските сипаници, Боб Фентон, изјавија дека „забрзана е четвртата фаза од нашата национална стратегоја за вакцини. Од идниот понеделник, 1.8 милиони дози ќе бидат на располагање на надлежните за порачување“.
Со тоа државите и окрузите ќе имаат поголема прегледност колку вакцини можат да очекуваат за дистрибуција.
На почетокот на месецов САД декларираа дека мајмунските сипаници се вонредна состојба во јавното здравство. /МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…