Во Скопје казнети 140 возачи од кои 34 под дејство на алкохол

t

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 34 санкции, 21 мерка за возење повеќе од дозволената брзина, 17 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се пет мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за недавање првенство на минување на пешаци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…

Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…

ЕЦБ предупреди да не се пипаат замрзнатите…

Користењето на средствата може да го загрози…

Блумберг: Земјите на ЕУ поделени околу санкциите…

Предложената забрана за реекспорт на клучни стоки…

Словачка се закани дека ќе ги блокира…

Словачкиот министер за надворешни работи го отфрли…

Политико: Белата куќа сака го запре насилството…

Оние кои ги угнетуваат Палестинците наскоро би…