Објавено на:

Во Скопје секојдневно се апсат млади со марихуана

t

Секојдневно се апсат лица за марихуана, а најчесто станува збор за млади луѓе.

Во текот на вчерашниот ден МВР уапси повеќе лица за поседување и промет на марихуана.


На подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода В.Ц.(24) и А.Т.(25) двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

Исто така на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.З.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера во 13.10 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Нешто подоцна, во 16.50 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ж.(26) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана.

На 12.05.2022 во 19.50 часот во Градски парк, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Б.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно комплетирање на сите одделни случаи ќе биде поднесен соодветен поднесок против сторителите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Акција на МВР: Спречен обид за шверц…

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција…

Во Скопје секојдневно се апсат млади со…

Секојдневно се апсат лица за марихуана, а…

Спасовски: За 100 дена запленивме повеќе од…

Во рамки на Форумот 100 дена од…

Кривична пријава за кумановец: Произведувал и продавал…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Г.(30)…

Голема акција на ОВР Гевгелија и САЕ…

Денеска (12.04.2022) од страна на СВР Струмица…