Во Србија две партии формираа блок против руските санкции

Заветници и Двери формираа блок против санкциите против Русија, пренесува Спутник Србија.
Претседателот на партијата Заветници, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски и лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ денеска го официјализираа почетокот на соработката меѓу двете партии во, како што рекоа, зачувување на државните, националните и економските интереси на Србија.
Ѓурѓевиќ Стаменковски на прес-конференција рече дека не се работи за некаква предизборна коалиција, ниту за обединување мандати, туку за собирање, пред се против воведувањето санкции против Русија и за вредностите и зачувувањето на надворешнополитичката независност и воена неутралност.
Таа додаде дека Србија се соочува со бројни притисоци, пред се од Брисел и Берлин, да воведе санкции кон Русија, со, како што рече, „постојниот ултиматум да го предаде Космет“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео)Урнебесна монтажа, како Маск стана Србин?
„Имаше многу дискусии за тоа дали сум…
Вучиќ: Домашни тајкуни и странски сили работат…
Одредени домашни и странски сили и тајкуни…
ЕЦБ предупреди да не се пипаат замрзнатите…
Користењето на средствата може да го загрози…
Србија го враќа шахот во училиштата
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оцени денеска…
Петковиќ: Симболите на “голема Албанија” во Косово…
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија,…