Во тек со трендовите: И Црна Гора ги олабавува Ковид мерките

Поради се поповолната епидемиолошка состојба, Владата на Црна Гора во техничкиот мандат дополнително ги либерализира мерките во борбата против корона вирусот, кои ќе важат од петок, 18 февруари до 4 март, соопшти Министерството за здравство.
Одлучено е да се дозволи одржување на свадби, родендени и други приватни прослави со поседување на потврди за Ковид и обезбедување на простор од 10 метри квадратни по лице.
Фирмите и претприемачите кои вршат угостителска дејност во угостителски објекти (ресторани, кафулиња, кафетерии, хотелски ресторани и сл.) можат да организираат работа во периодот од 7 часот наутро до еден час по полноќ со поседување на потврди за ковид.
Во текот на работното време е дозволена музичка програма, во живо и со музика која се емитува од звучниците.
Дозволено е примање сочувство и извршување погреби во присуство до 50 лица и задолжително почитување на основните епидемиолошки мерки, изјави на прес-конференција директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора Игор Галиќ, пренесе РТЦГ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бајден вели оваа пандемија не е завршена..
Оваа пандемија не е завршена. Денеска одбележуваме…
Северна Кореја воведува локдаун!
Северна Кореја воведе блокада низ целата земја…
Николовски посети земјоделка во Свети Николе: Започнуваме…
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо…
Пекинг дополнително ги заострува Ковид мерките
Пекинг ги заостри мерките за коронавирусот. Кинеската…
Грција се отвора за туристите од денес,…
Сертификатот за вакцинација или прележан Ковид-19, како…