Во тек со трендовите: И Црна Гора ги олабавува Ковид мерките

Поради се поповолната епидемиолошка состојба, Владата на Црна Гора во техничкиот мандат дополнително ги либерализира мерките во борбата против корона вирусот, кои ќе важат од петок, 18 февруари до 4 март, соопшти Министерството за здравство.
Одлучено е да се дозволи одржување на свадби, родендени и други приватни прослави со поседување на потврди за Ковид и обезбедување на простор од 10 метри квадратни по лице.
Фирмите и претприемачите кои вршат угостителска дејност во угостителски објекти (ресторани, кафулиња, кафетерии, хотелски ресторани и сл.) можат да организираат работа во периодот од 7 часот наутро до еден час по полноќ со поседување на потврди за ковид.
Во текот на работното време е дозволена музичка програма, во живо и со музика која се емитува од звучниците.
Дозволено е примање сочувство и извршување погреби во присуство до 50 лица и задолжително почитување на основните епидемиолошки мерки, изјави на прес-конференција директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора Игор Галиќ, пренесе РТЦГ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема да се јадат само макарони: Владата…
Од идната недела граѓаните може да очекуваат…
Ковачевски: Едноцифрената инфлација е доказ дека мерките…
Премиерот Ковачевски вели дека податоците дека инфлацијата…
Српската Влада ги донесе најновите мерки по…
Владата на Србија ги донесе најновите одлуки…
Се отвора земјата со најстрог ковид режим: “Не сум…
Патници почнаа да пристигнуваат во Кина преку…
Камион удри во ожалостени пред крематориум во…
Камион удри во група ожалостени кои чекаа…