Објавено на:

Во Триполи повторно дојде до судири откако либиската влада назначена од Парламентот и поддржана од маршалот Калифа Хафтар најави влез во главниот град

t

Во Триполи денеска повторно дојде до судири откако либиската влада назначена од Парламентот и поддржана од маршалот Калифа Хафтар, најави влез во главниот град каде што е сместен ривалскиот кабинет.

Прес-службата на Владата преку соопштение објави „пристигнување на премиерот на либиската влада Фати Башага, придружуван од министри, во главниот град Триполи за да започне со работа”.

Владата што заседава во Триполи се уште не одговорила на соопштението.

Набргу по влегувањето на владата на Башага во Триполи избувнаа судири меѓу вооружени групи, јавија западни медиуми.

Парламентот во источна Либија во февруари годинава го назначи поранешниот министер за внатрешни работи Башага за премиер. Тој сепак досега не успеа да ја смени извршната власт во Триполи предводена од бизнисменот Абдел Хамид Дбеиба, кој постојано повторуваше дека ќе ја отстапи власта само на легитимно избрана влада.

Кабинетот на Дбеиба беше формиран во 2020 година како резултат на политички процес под покровителство на ОН. Неговата главна задача беше одржување парламентарни и претседателски избори, првично закажани за декември минатата година, но одложени на неодредено време.

Политичките противници на Дбеиба сметаат дека со одложувањето на изборите завшил неговиот премиерски мандат.

Башага и неговите министри го напуштија од Триполи

Ривалската влада на Либија објави дека го напушта главниот град Триполи, неколку часа по нејзиното пристигнување таму за да почне со работа, што предизвика тешки борби меѓу спротивставените милиции.

Фати Башага, кој беше именуван за премиер во февруари од парламентот во источниот град Тобрук, и неговите министри „го напуштија Триполи за да ја зачуваат безбедноста и безбедноста на граѓаните”, се наведува во соопштението од кабинетот на Башага.

Башага се обидува да ги преземе владините институции во Триполи, но премиерот Абдулхамид Дбеибах инсистира на тоа дека власта ќе ја отстапи само на избраниот наследник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку сиромашните осиромашуваат, толку богатите се богатат:…

Секој десетти човек во светот е гладен,…

Милиони луѓе ќе останат без основни потреби,…

Дали ни доаѓа глобална рецесија? Расте стравот…

Азија за прв пат ја надмина Европа…

Азија за прв пат ја надмина Европа…

Бројот расте: Во ужасот во Тексас загинаа…

Најмалку 19 деца загинаа при пукање во…

Истражување: Инфлацијата стана сè почеста грижа во…

Светската политичка и економска елита повторно се…