Во Украина пристигнаа првите “Леопарди” од Данска, Германија и Холандија

Првите десет тенкови „Леопард 1“, кои беа донирани од Данска, Германија и Холандија, пристигнаа во Украина, соопштија денеска данските вооружени сили.
Трите земји во февруари најавија дека ќе донираат 100 тенкови од германско производство во „наредните месеци“.
„Првите десет тенкови беа испратени во Украина. А на пат има уште“, се вели во соопштението на данските вооружени сили, пренесува Гардијан.
Данските војници во Германија ги обучуваат украинските сили да ги користат овие возила, се додава во соопштението.
„Не се сомневам дека тоа ќе им помогне да ја добијат одбранбената битка што ја водат во моментов“, рече началникот на армијата, Арпе Нилсен во соопштението.
Леопард 1 порано бил главниот борбен тенк на вооружените сили на Западна Германија, првпат бил користен во 1965 година, но оттогаш е заменет со моделот „Леопард 2“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва: Русија нема да дозволи „нацистичка држава“…
Во моментов, ниту Западот ниту Киев не…
Зеленски почна да ја сузбива корупцијата за…
Украинскиот претседател Владимир Зеленски го одобри новиот…
Вашингтон Пост: Украина се мачи да најде…
Киев ја засилува граничната контрола додека десетици…
Холандија продолжува да купува руски гас
Холандија купила над 200 милиони кубни метри…
Путин: Раководството во Киев „полуде“
Прогонувањето на Русите од страна на украинските…