Во фамозната чанта „ЛУЈ ВИТОН“ ИМАШЕ МИЛИОН ЕВРА: Боки на лист му напишал на Камчев колку пари да му исплаќа секој месец

t

Повод за тужбата на бизнисменот Јордан Камчев против Бојан Јовановски и Катица Јанева е штетата што му е нанесена од нив во случајот „Рекет“. Тој денеска рече дека средствата кои ги бара како отштета се негови сопствени кои биле предавани преку други лица а се префрлани преку неговата трансакциска сметка, пренесе Република.

Тој објасни дека во летото 2018 година Јовановски му пристапил преку заеднички пријател и му понудил соработка со цел да му изнудат пари за фешн бизнис центри за кој нудел продажба на интелектуално право. За овој проект му биле побарани 4 милиони евра.

– Боки беше незадоволен, но беше многу моќен, во тоа време имаше контакти со политичарите. Втората средба беше за релаксирање на односите и ми кажа дека знае што се случува во мојата предистражна постапка, ми покажуваше слики со Јанева. Ми понуди претпроект за нова соработка, односно рекламен простор во 1ТВ. Знаејќи колкави се ценовниците во најголемите телевизии, тој понуди десет пати поголема сума од Сител ТВ. Ми објасни дека тоа е за цел проект и за ПР и соработка со Јанева и СЈО – рече Камчев.

Тој вели дека со Бојан се знаеле 20 години и затоа прифатил да се видат првиот пат за тој да му каже што знае за неговиот случај што го водело СЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ученици од Крива Паланка собираат донации за…

Средношколците од училишната заедница на средното општинско…

(Видео) „Би-би-си“ со реконструкција за пожарот во…

„Би-би-си“ направи реконструкција на пожарот во дискотката…

Додик: Или нов договор или да се…

Водечките претставници на Република Српска изјавија дека…

ВМА-Белград: Ако има потреба, стоиме на располагање…

Воено-здравствениот систем и ВМА се достапни за…

Нови приведувања за пожарот во Кочани, состојбата…

Активностите на полицијата и на Обвинителството за…