Во францускиот предлог за преговорите со ЕУ нема Македонци во Албанија!

t

Професор д-р Елка Јачева-Улчар, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје на својот профил на фејсбук објавува дека добила дел од францускиот предлог за преговорите со ЕУ според кој во Албанија нема Македонци, односно нема македонско малцинство, туку само бугарско.

И тоа не е се, драги гледачи!

Само што го добив од мојот охридски фб-пријател Владо Жура: ,,Во делот за Албанија во рамковната позиција се наведува дека „очекуваме правата на бугарското национално малцинство да бидат максимално загарантирани, вклучително и изучувањето, без административни пречки, на литературниот бугарски јазик како мајчин јазик во регионите традиционално населени со нив, како што се Голо Брдо, Гора, Преспа, Корча, Кукес, Елбасан, но и на кое било друго место на територијата на Албанија каде моментално живеат“, пишува Јачева – Улчар на фејсбук.

ShareTwitter Коментирај
Стево Пендаровски: Апасиев е психопат, неговото однесување е крајно нечовечко
МАКЕДОНИЈАпред 41 минути
Тоа е изјава без преседан во современа Европа. Ви гарантирам дека избран пратеник во ниту еден европски парламент не пцуе починати родители на друг политичар. Тоа е крајно нечовечки, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски, коментирајќи ја објавата на пратеникот од Левица Димитар Апасиев на „Фејсбук“, во која тој го опцу шефот на државата.

-Тој тип минатата година јавно ја пцуеше Радмила Шекеринска. Отприлика знам за каква креатура се работи, кој резон има. Меѓутоа, навистина не верував дека може да дојде во ситуација да ми пцуе починат родител. Тоа ми е лична болка. Мојата мајка е почината пред 10 години и беше крајно нечовечки, да ми пцуе гроб на почината мајка. Тоа е нешто што не се простува, нагласи Пендаровски, кој го нарече Апасиев психопат и гнида од човек.Според него, таков став може да искаже човек кој или е ушмркан или му фали нешто во главата.

-Ако имаше нешто меѓу нозе ќе ме испцуеше во лице, а не да се крие зад тастатурата. Преку глава ми е од таквите фесјбук-партиоти, големи македонски мажиња, кои не туркаат во обратна насока од демократија и од фундаменталните вредности, рече Пендаровски.

На изјвата на претседателот Пендаровски, Апасиев веднаш одговори на Фејсбук со два статуса кои ви ги пренесуваме во целост.

ShareTwitter Коментирај
Левица: Османи го крие Протоколот затоа што предвидува учебниците да се пишуваат во Бугарија
МАКЕДОНИЈАпред 41 минути
Министерот Бујар Османи неколку дена одбива да го објави Протоколот со Бугарија, иако претходно изјави дека е спремен веднаш, штом Владата го одобри предлогот, да организира средба со бугарската страна и да го потпише, реагираат од партијата Левица.

Токму во Протоколот се содржани сите елементи преку кои Бугарија ќе ја ревидира историјата, учебниците и јазикот на Македонија Иако власта упорно манипулира дека Протоколот не е дел од преговарачката рамка, во ниту еден документ нема гаранции дека Бугарија нема да ја блокира Македонија на патот кон ЕУ, доколку не се спроведат барањата од Протоколот.

Напротив, во преговарачката рамка стои дека напредокот на преговорите ќе зависи од „годишните прегледи и мерки за ефективното спроведување на членот 12 од Договорот за добрососедство” – што директно алудира на спорниот Протокол, се вели во соопштението на Левица.

Од тоа што го објавија бугарските медиуми, овој Протокол предвидува Македонија да ѝ достави на Бугарија копии од сите методолошки упатства, учебници, наставни средства и други релевантни наставни материјали – со што директно историјата и учебниците ќе бидат пишувани по желба на бугарските врховисти.

Дополнително, Владата се обврзува до почетокот на учебната 2023-2024 година да ја промени содржината на учебникот по географија за VII одделение, како и нови книги, документарни и списанија, филмови и други уметнички дела, културни споменици и прослави (кои се државно финансирани) да се спроведуваат во духот на Договорот за пријателство.

Налудничавите барања во Протоколот, кои Османи нема проблем да ги потпише, одат дотаму да субјектот финансиран од државата, со обврзувачка изјава ќе потврди дека ќе посвети внимание за неприфаќање на сите форми на говор на омраза и непочитувањето на оваа обврска ќе биде основа за суспензија на доделеното државно финансирање.

Дали ова значи дека Владата е спремна да го забрани и филмот „Трето Полувреме“, како и сите културни материјали кои сведочат за репресијата на бугарските фашисти?

Ниту Бугарија, ниту ЕУ, има право да наметнува обврски за говор на омраза кон Македонија, се додека бугарски пратеници држат говори дека Македонија е бугарска.

Протоколот ќе биде последниот чекор кон реализација на големобугарската идеја и затоа истиот Османи го крие. Го повикуваме македонскиот народ повторно вечер да го искажи својот револт против бугаризацијата на Македонија!, реагираат од Левица.

ShareTwitter Коментирај
Стево Пендаровски: Францускиот предлог е прифатлив
МАКЕДОНИЈАпред еден час
Советот беше во полн состав, а на моја покана присуствуваше и вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ. Советот се состана за да се разговара за најновиот француски предлог, информира претседателот Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност.

– Во моментов имаме високи политички тензии во земјава и не верувам во перцепцијата која се создава во јавноста дека ова е судбинска дилема да се биде или не и дека наводно деновиве треба да донесеме одлука која ќе ја дефинира иднината на нашите генерации. Одлуката да го прифатиме францускиот предлог нема да биде ниту триумф, ниту дебакл. За мене тој е прифатлив. Да појаснам, станува збор за транзиционен компромис во една од фазите за евроинтегрирање на земјава. Со прифаќањето на овој предлог ја креваме бугарската блокада и дозволуваме формално отворање на преговорите. Баш со ништо францускиот предлог не го поткопува македонскиот идентитет, во предлогот има чиста формулација на македонскиот јазик без фуснота, рече Пендаровски.

Транзициониот компромис ја решава актуелната блокада, но има предвидено нова блокада која ќе биде наша домашна, додаде шефот на држава.

– Парадокс е дека во земјава никој нема против влезот на Бугарите во Уставот, но внатрешната поларизација го оневозможува консензусот. Во овој дел не сме можеле повеќе да постигнеме. Не тврдам дека во преговорите не можело да се добие нешто поквалитетно, но тоа би биле детали, не суштина, рече Пендаровски.

ShareTwitter Коментирај
Стево Пендаровски: Францускиот предлог е прифатлив
МАКЕДОНИЈАпред еден час
Советот беше во полн состав, а на моја покана присуствуваше и вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ. Советот се состана за да се разговара за најновиот француски предлог, информира претседателот Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност.

– Во моментов имаме високи политички тензии во земјава и не верувам во перцепцијата која се создава во јавноста дека ова е судбинска дилема да се биде или не и дека наводно деновиве треба да донесеме одлука која ќе ја дефинира иднината на нашите генерации. Одлуката да го прифатиме францускиот предлог нема да биде ниту триумф, ниту дебакл. За мене тој е прифатлив. Да појаснам, станува збор за транзиционен компромис во една од фазите за евроинтегрирање на земјава. Со прифаќањето на овој предлог ја креваме бугарската блокада и дозволуваме формално отворање на преговорите. Баш со ништо францускиот предлог не го поткопува македонскиот идентитет, во предлогот има чиста формулација на македонскиот јазик без фуснота, рече Пендаровски.

Транзициониот компромис ја решава актуелната блокада, но има предвидено нова блокада која ќе биде наша домашна, додаде шефот на држава.

– Парадокс е дека во земјава никој нема против влезот на Бугарите во Уставот, но внатрешната поларизација го оневозможува консензусот. Во овој дел не сме можеле повеќе да постигнеме. Не тврдам дека во преговорите не можело да се добие нешто поквалитетно, но тоа би биле детали, не суштина, рече Пендаровски.

ShareTwitter Коментирај
Илија Димовски: Ќе потпишеш ли дека Енвер Хоџа ја создал албанската нација на вештачки начин?
МАКЕДОНИЈАпред 5 часа
Би можел ли да замислиш ситуација во која ти или некој колега од ДУИ мора да прифати и потпише дека Ѓерг Кастриот е Србин, а Хасан Приштина е Турчин, како што нам Македонците ни се случува секојдневно благодарение на промашената политика на оваа Влада, те за Гоце Делчев, те за десетици други борци за слобода на Македонија, Димовски го прашува Османи во отвореното писмо.

Поранешниот пратеник и висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски упати отворено писмо до Бујар Османи кое го пренесуваме во целост:

Ги следам твоите настапи и одлучив да ти се обратам лично, не како на министер, туку како Илија на Бујар.

Во минатото сме разговарале многу пати, знам дека нема да ме разбереш единствено само ако немаш желба да ме разбереш.

Ве познавам лично и тебе и повеќето твои соработници од ДУИ и знам дека не можете воопшто да кажете дека не ги разбирате процесите, барем не на мене, но дозволи искрено и директно и заради тебе и заради јавноста да разговараме со суштински, а не со површни маркетиншки флоскули и аргументи.

Дозволи низ еден пластичен пример на аналогија да ти објаснам какви се овие времиња за Македонците.

Ќе употребам примери со Албанците како народ и нација, не за да навредам или се согласам со тие примери,

туку да ти покажа и тебе и на твоите колеги што е тоа што се обидувате, заедно со СДСМ, да го покажете како нормално, а не е.

Замисли Бујар некој да ти предложи и да те пристиска, а ти, уште повеќе, да потпишеш и прифатиш дека:

Прво,

Албанците во Македонија не се ист народ со Албанците во Албанија, исто како што во „Преспа“ пишува дека Македонците од Македонија и Македонците од Грција немаат ништо заедничко и не се исти.

Второ,

замисли да мора да прифатиш и потпишеш дека Енвер Хоџа ја создал албанската нација на вештачки начин, онака како што бугарското Собрание со својата Декларација од 2019 година тврди за Тито и Македонците.

Трето,

еве помисли Бујар, како би ти било да треба да потпишеш и прифатиш дека Албанците во Македонија не смеат да го користат албанското знаме исто онака како што со Времената спогодба, а потоа и со „Преспа“ забранувате и брусите онаму каде што има македонско шеснаесеткрако сонце.

Четврто,

би можел ли да замислиш ситуација во која ти или некој колега од ДУИ мора да прифати и потпише дека Ѓерг Кастриот е Србин, а Хасан Приштина е Турчин, како што нам Македонците ни се случува секојдневно благодарение на промашената политика на оваа Влада, те за Гоце Делчев, те за десетици други борци за слобода на Македонија.

Петто,

би се согласил ли Бујар да ставиш во меѓународен правен договор дека Албанците немаат никакво илирско потекло ниту културолошко наследство од Илирите и дека на пример Илирите се Словени, а не Албанци, исто онака како што со Преспа прифативте дека ние Македонците немаме никакво македонско потекло и дека Македонците биле Грци (види „Преспа“, член 7).

Шесто,

како би ти било да правиш „мали“ компромиси за албанската нација и историја со оние што секојдневно и со години наназад тврдат дека албанската нација е вештачка и создадена со албанизирање на Турци, Словени, Власи и Роми исто онака како што секојдневно преговарате „мали“ компромиси за историјата со оние кои имаат ваков однос и тврдење кон нас Македонците.

Еве вака изгледаат работите низ призмата на Македонците, доколку сакаш да погледнеш и знаеш.

Ова што го напишав не го посакувам на никому, ама не сакам ниту да дозволам некој да ме убедува дека ова што им се случува на Македонците е базирано на нормални европски вредности, затоа што не е.

Застани и размисли.

Затоа Бујар, Албанците во Македонија во овој случај мора да останат рамо до рамо со нас Македонците, затоа што ние Македонците сме најмал народ на Балканот, но Албанците се втор, а сите околу нас исто или слично се однесувале во историјата и кон нас и кон вас.

На еден ден престани да бидеш политичар и ќе разбереш колку многу грешиш.

Застани.

Се надевам дека ќе ме разбереш во добра намера и дека ќе размислиш длабоко за твоите постапки и чекори.

Застанете.

Прифаќањето на францускиот предлог е навреда за Македонците, но и ќе го одложи, а никако нема да го забрза евроинтегративниот процес.

Ако вашата Влада со СДСМ го прифати овој предлог ќе не навредите нас Македонците, но и ќе ја запечати секогаш шансата на Македонија да стане членка на Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Грчки борбен авион пресретна либански цивилен…

Грчки борбен авион пресретнал либански цивилен авион!…

Политиката против правдата – кој го штити…

Арафат Муареми, директорот на Финансовата полиција, се…

Електричните автомобили ќе чинат загуба на стотици…

Секој голем производител на автомобили сега го…

Полјански за воената операција на Русија: Можеме…

Полјански за специјалната операција: Може да биде…

Петковиќ: Курти носи буре барут во Брисел,…

Приштина упорно прави потези кои можат да…