Во Чаир и Битпазар приведени дилери и крадец

t

МВР ноќеска на подрачјето на Бит Пазар приведе двајца дилери, а вчера, на подрачјето на Чаир лиши од слобода и едно лице за извршена тешка кражба.

Кај дилерите А.Ц.(28) и А.А.(31), двајцата од Скопје, биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветен поднесок.

А.Ѓ. (21), пак, од Скопје, е крадецот кој извршил тешка кражба во продавница лоцирана на улицата „Хаџи Јованов Шишко“ на 1 јануари годинава.

Како што соопшти МВР, во службен разговор со полицијата А.Ѓ. рекол дека кривичното дело го извршил заедно со Л.М.(19) од Скопје кој живеел во Велес и дека одземените предмети ги продал на Ѓ.Ј.(34) од Скопје. Извршен е службен разговор и со Ѓ.Ј. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велешанец лажно се претставувал како полицаец за…

Притворен е четириесетиедно годишен жител на велешкото…

Две жени се повредени во сообраќајка, завршиле…

МВР извести дека вчера во 15.50 часот…

Приведен крадец, украдените работи вратени на ограбените

Вчера во 15.30 часот во село Просениково,…

Мексико го екстрадира синот на озлогласениот Ел…

Потегот доаѓа девет месеци откако синот на…

Хантер Бајден со федерално обвинение за нелегално…

Хантер Бајден денес е обвинет за нелегално…