Во Шпанија забележан непознат вид хепатитис кај 21 дете

Најмалку 21 случај на акутен хепатитис од непознато потекло кај деца се идентификувани во Шпанија од декември минатата година, објави денеска весникот Ел Паис.
Како што е наведено, 18 пациенти се помали од десет години. На едно дете му била потребна трансплантација на црн дроб, а најмалку пет деца биле примени на одделенијата за интензивна нега.
На 26 април, Светската здравствена организација (СЗО) објави дека активно ги истражува случаите на акутен хепатитис од непознато потекло.
Според СЗО, ширум светот се потврдени околу 160 случаи. Болеста се карактеризира со покачени нивоа на ензими на црниот дроб и во многу случаи гастроинтестинални симптоми, вклучувајќи абдоминална болка, дијареа и повраќање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Љупчо Георгиевски го прогласи за мртов Македонизмот
Последните десет поста ми беа посветени на…
Гаши: Ако Курти ги формира ЗСО, ќе…
Поранешниот советник на косовскиот премиер Албин Курти,…
Ова е најмладиот сериски убиец на Балканот,…
Криминологијата вели дека сериските убијци не се…
Димитриевски: Не ми пречи Бугарите да бидат…
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во…
Недостиг на судска и медиумска независност и…
Недостатоци во независноста и интегритетот на судството,…