Во 12:30 пресуда за „Талир 2“

t

Во Кривичниот суд во Скопје денеска во 12:30 часот ќе биде објавена пресудата за случајот „Талир 2“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во азил, и поранешниот генерален секретар на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски.

Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Предметот го води судијката Даниела Алексовска Стојановска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе.

Главната расправа за предметот заврши вчера со завршни зборови на второобвинетот во случајот „Талир 2” Кирил Божиновски кој упати критики до Основниот Кривичен суд – Скопје дека во текот на судењето за овој предмет му се прекршени неговите права. Тој негираше дека договарал или преговорал со АД – Бетон за изградба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека со изведените докази од Обвинителството не е поткрепено обвинението.

Претходно, адвокатот Горан Каркински, кој беше назначен по службена должност да го брани првоообвинетиот Никола Груевски, рече дека во текот на судењето Обвинителството не презентирало ниту еден доказ или сведок, за тоа за што го обвинува Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ ја предупреди Албанија: Стоп за шемата…

Делегацијата на Европската унија во Тирана ја…

Важно соопштение од Народна банка: Раст на…

Во јули годинава според намената на кредитите…

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка

На 18.08.2022 во 11.40 часот било пријавено…

Во Тетово се одвива гласање на болни,…

Со гласањето на граѓаните во домашни услови…

Ветено, сторено: Започнуваме со изградба на капитален…

Градот Скопје денеска ја почна реализацијата на…