Објавено на:

Во 2021 година над пет милиони луѓе во светот починаа од Ковид-19

t

Светот ја заврши 2021 година со 29.326.993 активни случаи на коронавирусот, 5.452.999 починати, 253.689.769 оздравени и вкупно 288.469.761 заболени од почетокот на пандемијата.

Заклучно со 31 декември, во Македонија регистрирани беа 225.049 заболени лица од коронавирусот, починати 7.960 лица, а активни 5.243 случаи.

Почетокот на 2021 година донесе и надеж за крај на пандемијата, бидејќи во тек беше вакцинацијата против коронавирусот, но со појавата на новите соеви, што беа отпорни на веќе произведените вакцини, минатата година донесе нови предизвици за цел свет.

Во јануари, експерти од Светската здравствена организација (СЗО) заминаа во Кина да го истражат потеклото на пандемијата на ковид-19. Кон крајот на март беа презентирани резултатите, при што експертите заклучиле дека најверојатниот начин на пренос на вирусот е преку животно или евентуално преку замрзната храна, а најмалку веројатно е дека вирусот потекнува од лабораторија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски ќе настапи во…

Како што известуваат од неговиот тим, в…

(Видео) СТРАШНА БУРА ВО БУДВА: Ветер од…

Силен ветер и бура се забележани во…

Дуда: Ќе кренам железна завеса до небо…

Во своето обраќање до медиумите, Дуда истакна…

Грковска од Вашингтон: Со одолговлекување на членството…

За Македонија, како најнова членка на НАТО…