Времето на доделување народни пари на ,,политички подобни организации”заврши, Градот Скопје ќе финансира реални и квалитетни проекти

t

Во насока на разоткривање на вистината и превенција во ширењето на лажни вести на организации на кои претходното градско раководство 3 години им доделувало парични средства, во обид да се политизира постапката и изборот на проекти и проектни активности во социјалната сфера, сакаме да ги презентираме следните факти.

Црвениот крст со години е партнер на Град Скопје и спроведува летен камп за децата со социјален ризик опфаќајќи ги и децата што биле опфатени со проектот на Арнаудова и нејзиниот сопруг. Партнер на Градот Скопје е Црвениот крст што е организација со традиција и креира позитивни промени во државата децении наназад.

Изминатите денови бевме сведоци на неосновани напади и лични навреди со обиди за политизација во однос на Проектот на Здружението на Кристина Арнаудова и нејзиниот сопруг кои повеќе години од институциите од централната и локалната власт испумпувале средства за проекти.

Одлуките на Град Скопје и сега и во иднина ќе бидат базирани врз оцена на квалитет на сите понудени проекти. Ако тоа било пракса порано да се даваат средства на политички подобни организации чии основачи се политички фигури кои на овој начин со буџетски средства се самопромовирале, таа пракса престанува со новиот мандат.

Фактите за оваа организација говорат дека Проектот на Арнаудова и нејзиниот сопруг од градот Скопје во 2019 година добил финансиска поддршка од 250.000 денари, во 2020 година има добиено финансиска поддршка од 250.000 денари, во 2021 година има добиено 200.000 денари за летниот камп. Очигледно овие средства на Град Скопје се давале за активности кои веќе се спроведуваат и тоа поцелопфатно од страна Црвениот крст.

Организацијата од доставената документација може да се види дека земала средства од 30 компании со финансиски донации, околу 300 донации со производи, како и други органи на државната управа од кои добиле финансиска поддршка меѓу кои општина Центар, Агенцијата за млади и спорт и се разбира од Градот Скопје.

Прејудицирањето дека Градот е обврзан да финансира некоја организација е јасен обид за политизирање, особено имајќи предвид дека Градот Скопје подржува проекти на релевантни организации како Црвениот Крст каде квалитетот на понудени активности е висок и делуваат волонтери, но и на над 50-тина други здруженија на граѓани кои имаат понудено проектни активности во социјалната сфера кои од комисијата добиле висока оценка.

СДСМ и претходното градско раководство треба да и објасни на јавноста зошто се давале парите на граѓаните на проекти на партиски подобни организации, кои голем дел од средствата ги трошеле на хонорари.

Нема да се дозволи СДСМ да врши притисок и хајка со цел парите на граѓаните да се доделуваат на нивни истакнати активисти.

Проектите кои ќе се поддржуваат се вреднуваат според квалитетот и импактот кои ги имаат во општеството во социјалната сфера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кај е Гоце? Нека стане, го…

Вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Бугарија…

Добро утро со Инфомакс: О тешкото! Синџир…

"Тешкото" не е само оро, не се…

Ашковски разочаран: Заслужувме многу повеќе од двата…

Очекувано не можеше да се сокрие разочарувањето…

И покрај поразот Милевски смета дека сме…

Македонија вечерва го загуби последниот натпреват во…

(Видео) За малку ќе беа “пошљакани”: Тензијата…

Фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Бугарија кој вечерва се играше на…