Објавено на:

Врие Фејсбук: ЛГБТ активистот Асани физички нападнат на гробишта во Тетово

t

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија остро го осудува физичкиот напад кој се случил врз претседателот на „ЛГБТИ Јунајтед“, Беким Асани и бара од надлежните институции итно да ги пронајдат и санционираат сторителите на ова, како што велат, дело од омраза.

„Според сведоштвото на Асани, нападот се случил на 7 мај 2022 година на градските гробишта во Тетово, каде тој бил со својата мајка. Четири машки лица на возраст од 20 до 40 години кои седеле на клупа му дофрлувале на Беким ‘педер’, ‘неверник’, ‘многу зборуваш со устата’, ‘ќе гориш во пеколот’. Потоа еден од нив го нападнал со бокс во лицето, по што Беким паднал на земја, а напаѓачот продолжил да го удира со клоци по стомакот и нозете“, се наведува во соопштението на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Од НМХТ нагласуваат дека кривичните дела од омраза кон припадници на ЛГБТИ заедницата ретко добиваат правен епилог и инсистираат на темелно постапување од страна на органите и целосно расчистување на случајот.

„Треба да се има предвид дека игнорирањето на говорот и делата од омраза кон ЛГБТИ лицата и неказнивоста на сторителите на овие дела води до продлабочување на недовербата во институциите поради што многу вакви напади воопшто не се ни пријавуваат. Апелираме институциите еднакво да ги третираат сите граѓани во државата и да престанат да придонесуваат кон јакнење на дискриминацијата и насилството на кое се подложени сексуалните и родовите малцинства“, стои во соопштението.

Асани, на истиот ден пред инцидентот доби признание за Хуман поединец на годината 2021 од Здружението на граѓани „Куќа на среќата“, на Фејсбук се пожали и дека не е задоволен од односот на полицијата и персоналот во болницата во Тетово и додаде дека и во скопска болница одбиле да го прегледааат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европски вредности на ниво: ЕУ ќе ја…

Извршната власт на Европската унија денеска одлучи…

Како најважна работа во државата: Тренчевска се…

Министерката за труд и социјална политика, Јованка…

“Викенд на гордоста” во Скопје ќе се…

Овогодинешното десетто издание на Викендот на гордоста во Скопје…

Врие Фејсбук: ЛГБТ активистот Асани физички нападнат…

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија остро…

ЛГБТ ќе ги спасува од Русија: Бајден…

Американскиот претседател Џо Бајден го именуваше Сем…