Вучиќ бара помош од Меѓународната: Реагирајте за етничкото чистење на Србите во Косово!

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ од Њујорк денеска повторно се пожали дека по денешните апсења на Србите на Косово, сосема е јасно дека Србите ќе страдаат и ќе платат.

Според Вучиќ, Албин Курти се впуштил во една од последните операции во пошироката кампања за етничко чистење на Србите од Косово.
Тој посочи и дека Србија прави се што е во нејзина моќ да реагира на ова.

Сакаме да ги искористиме сите дипломатски и политички средства и многу добро знаеме која е нашата работа да ги заштитиме интересите на нашиот народ на Косово, рече Вучиќ.

Тој ги повика сите меѓународни претставници да реагираат и да направат се што е во нивна моќ за да можат Србите да опстанат на Косово, а луѓето кои не се виновни за ништо да бидат ослободени што е можно поскоро.

„Сакаме да ги искористиме сите политички средства. Ја повикуваме меѓународната заедница да реагира. Ќе имаме многу важни состаноци во раните утрински часови“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека за ова го информирал шпанскиот премиер Педро Санчез, како искрен и голем пријател на Србија и дека повторно разговарал со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и со претставниците на ЕУ.

Се надевам и сакам да верувам дека добро ќе ги разберат нашите пораки“, рече претседателот Вучиќ.

Тој посочи дека утре покрај говорот на Генералното собрание на ОН, ќе има и многу билатерални средби, меѓу кои и со потпретседателот на Кина и со претседателот на Република Кореја.

Тој најави дека за првпат ќе побара од неговите кинески пријатели да му кажат, освен генералниот поглед на ситуацијата во Косово, дали Србија може да очекува поширока поддршка од Кина.

Според тоа, ќе биде донесена одлука за барањето да се одржи седница на Советот за безбедност за ситуацијата на Косово, во согласност со државните интереси.

Нема да дозволиме да се заврши работата за ден, два-три, како што направија на друго место…“, рече Вучиќ и додаде дека за тоа јавноста ќе биде информирана можеби веќе утре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: ЕУ ќе ја затвори вратата за…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Дубаи…

Косовско обвинителство: Фалсификуваните евра се печатени во…

Специјалното обвинителство на Република Косово, по запленувањето…

Дачиќ на средби со Лавров, Шаленберг, Сијарто…

На маргините на 30. Министерски совет на…

Дачиќ: Да не ни се држат лекции…

Замолувам да не ни се држат лекции…

(Видео)Урнебесна монтажа, како Маск стана Србин?

„Имаше многу дискусии за тоа дали сум…