Објавено на:

Вучиќ: Веќе никогаш, никаде и никому нема да дозволиме етничко чистење на српскиот народ!

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија „никогаш, никаде и никому“ нема да дозволи етничко чистење на српскиот народ.

Вучиќ на настанот „Збор Краишника“ во Ковилово изјави дека бегалската колона од времето на хрватската акција Олуја, „никогаш повеќе не смее да им се повтори“ на Србите.

Никогаш нема да дозволиме брутално етничко чистење на нашиот народ, веќе никогаш, никаде и никому нема да дозволиме. Таа колона во која многумина од вас дојдоа во Србија никогаш повеќе не смее да ни се повтори, без разлика што и да некои прават против нашата земја, изјави Вучиќ.

Тој им се заблагодари на Србите од Краишник за, како што рече, бескрајната љубов кон Србија.

Од каде и да доаѓате, од Бенковац до Вуковар, од Босанска Краина, најудобно се чувствувате овде во Србија и тоа е сосема нормално. Наше е да видиме што друго можеме да направиме, а вие направивте многу за нас, не направивте попаметни и повнимателни да знаеме што се подготвува за нашиот народ и никогаш повеќе да не го дозволиме тоа“, рече претседателот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таксист влетал во ученици на блокадата во…

За време на денешната акција „Застани, Србија“…

Блокади ширум Србија и денеска – Студентите…

Студентите ширум Србија денеска во 11:52 часот…

Вучиќ за опозицијата: „Магариња и политички педофили“

Српскиот претседател Александар Вучиќ упати нови навредливи…

(Фото) На вчерашниот протест во Белград имало…

Врз основа на достапните снимки и фотографии,…

Вучиќ: Кинезите ме предупредија дека доаѓа обоена…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ зборуваше за…