Вучиќ и Курти денеска на “пеење” кај Столтенберг

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти денеска, на одделни средби во Брисел ќе разговараат со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, ден пред новата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ.
Столтенберг прво ќе се сретне со Вучиќ, а потоа и со Курти, а по одвоените разговори најавени се прес-конференции за Столтенберг и Вучиќ во 15 часот и 30 минути, а Столтенберг и Курти во 17 часот.
Вучиќ претходно изјави дека ќе разговара со Столтенберг поради улогата на НАТО и КФОР во Косово.
„Тоа ќе бидат понатамошни разговори за воспоставување добра соработка, добра комуникација, што е многу важно во моменти на криза. Се надевам дека ќе имаме добар разговор. Веќе имавме телефонски разговор и се договоривме да седнеме и да разговараме за сите проблеми во Косово, особено на север”, кажа Вучиќ.
За утре е најавена нова рунда од дијалогот Косово-Србија, а ЕУ соопшти дека ќе се разговара за сите отворени прашања, повторувајќи дека за Брисел најважно е двете страни да ги прекинат непријателствата, со запаливи пораки и тензии и да постапуваат одговорно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше…
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина…
Вучиќ рано утрово објави важна вест за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти…
(ФОТО+ВИДЕО) Вучиќ со пет барања до себе…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашниот…
Вучиќ: Путин нема да се двоуми да…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати алармантна…
Вучиќ најави нови оставки во српската влада…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави…