Вучиќ му врати на косовскиот министер: Ми се заканува потрчко на Курти

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговори на изјавата на Џељаљ Свечља, министерот за внатрешни работи на Косово, како и на наводите на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ дека Вучиќ не е проевропски ориентиран.

Свечља денеска му порача на Вучиќ дека му ветува „многу тешки денови, недели, месеци“ и рече дека српскиот претседател има „шовинистички тенденции“ кон Косово.

Ѓукановиќ, пак, пред два дена во интервју за РСЕ рече дека Вучиќ „не е за Европа“, односно се сомнева во неговите проевропски амбиции, затоа што тој промовира политика со која државата Србија би требала да биде „патрон над Србите во други држави“, а тоа според црногорскиот претседател не е европска политика, туку политика како онаа во 90-тите, која нѐ доведе до војна.

„Мора да водам добра политика, штом ме напаѓа потрчкото на Курти, но и Мило Ѓукановиќ“, рече Вучиќ.

„Потрчкото на Курти се заканува дека ќе имам многу тешки денови и месеци… Немам проблем со тоа. Јас знам дека пред нас се тешки денови. Мене ми е важно дека пред нив се лесни денови. Ова им оди одлично со рестрикциите на струја, баш им е убаво и лесно, а дури понатаму ќе им биде баш лесно… Мене ми е важно ние да не му се закануваме на никого. Нека се заканува само тој. Многу е опасен и многу е важен, така да би било добро и во ист ритам да продолжат. Што се однесува до Мило Ѓукановиќ, тој нека си ја работи својата работа, а ние нашата, рече Вучиќ во интервју.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Вучиќ нема дилема: Кирилицата е напишана…

Претседателот на Република Србија со лидерите на…

Абазовиќ најави посета на Србија на 29…

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ најави дека официјално…

Борел: Србија е искрен кандидат за ЕУ

Високиот претставник на Европската унија за надворешна…

Кога Лавров не може во Србија, неговиот…

-Србија со големо задоволство ја прифати поканата…

Вучиќ незадоволен од околината што ја спречи…

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ на…