Вучиќ: Не верувам дека Бугарија ќе се предомисли и Македонија ќе добие датум

t

„Ќе биде интересно на 23-ти во Брисел, кога треба да се донесат одлуки за Украина, Молдавија, Западен Балкан… За прв пат никој жив не знае што ќе се случи“, вели претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Можам да претпоставам дека на Украина ќе и даде статус на кандидат, но тоа нема да биде така, односно ќе им ја даде титулата кандидат, но тоа ќе треба да се потврди на конференција. Слично ќе биде со Молдавија и кога е западен Балкан во прашање. Не верувам дека ќе ја предомислат Бугарија во однос на Македонија и Албанија и тоа е голем проблем, a тие две земји го заслужија тоа. Очекуваме големи критики на наша сметка. Прашувам што да правиме сега, да го признаеме Косово?“, праша Вучиќ и додаде дека Косово и Метохија е единственото место каде се случил воен конфликт и каде стапката на враќање е помала од три проценти.

„Никаде во светот нема такво слично нешто. Никого не го интересира, и никого не го интересирало и немојте да мислите дека ќе го интересира. Нема да ја признаат грешката. Со бомбардирањето направија добра работа од нивна гледна точка, и нема да го сменат ставот. Поднесуваат кривични пријави против луѓето кои им се спротивставија на северот на Косово и Метохија, сакаат да ги протераат Србите. Единствена цел им е да го исчистат северот на Косово и Метохија, сите молчат и сите се преправаат дека ништо не се случува. Чекам да бидат наградени во Брисел. Како ќе го објаснат тоа дека ќе ги наградат, особено оние кои ништо не направиле во дијалогот?“, изјави претседателот на Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерите на ЕУ се согласија за мобилизирање…

– Шефовите на држави или влади на…

Германски медиуми: На властите во Србија можната…

Во Србија и понатаму шпекулациите за употребата…

(Фото) Сочувство од навивачите во Пловдив: „Бугарија…

Навивачите на бугарската фудбалска репрезентација не заборавија…

Побаран 30 дневен притвор за Крешник Бектеши

Обвинителството побара 30 дневен притвор за екс…

Уште една трагедија: Кумановец загина во експлозија…

Шеесетгодишен маж загина во четвртокот вечерта при…