Објавено на:

Вучиќ откри: Макрон ми кажа дека ниту Украина, ниту некој друг нема да биде во Европската унија пред Србија

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа гостуваше во Телевизија Курир.

Србија ќе го чува мирот, стабилноста, ќе се грижи за животите на своите деца. Нашата позиција е многу тешка – рече Вучиќ гостувајќи во емисијата Усијање, нагласувајќи дека Србија е на добар пат.

Вучиќ на почетокот на разговорот зборуваше за војната во Украина и притисокот врз Србија.

Реков дека Србија ќе ги трпи последиците, како и другите европски земји. Има пореметувања на светскиот пазар, со понудата на стоки, во политичките односи, се менува глобалната политичка сцена. Понекогаш ми се чини дека не разбираме што се случува. Важно ни е да кажеме дека ќе има доволно леб и пченица за целиот регион, наше е, ни го дава Војводина. Луѓето да не се грижат. Не купувајте сол, имаме доволно шеќер, масло, пченица имаме се, повеќе од доволно. Увезoвме и грав, грашок, немаме проблем со ништо, си ја завршивме работата на најдобар можен начин, како и за нафтени деривати – рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека разговарал со претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој му рекол дека ниту Украина, ниту некој друг нема да биде во Европската унија пред Србија. Според Вучиќ, Макрон го поддржал Вучиќ и во телефонскиот разговор поради начинот на кој ја води Србија во иднината и недвосмислено му рекол дека, без оглед на геополитичките промени во Европа и светот, Србија останува клучен приоритет и прва земја што се приклучува во Европската Унија.

Ова го кажувам за да знаат луѓето дека државата не е играчка. Во вакви ситуации кога беснее војна, на луѓето треба да им покажете многу одлучност, но да се грижите за народот.

Доаѓа многу потешко време без наша вина. Србија е многу побогата и поуспешна. Не сакам ниту една мајка да враќа дете во ковчег додека јас сум претседател. Не би сакал ничија политика да ме доведе до тоа, а јас ја сакам слободата во оваа земја, се борев за оваа земја затоа што ја сакам бескрајно – рече Вучиќ.

Не сакам да го лажам и да го залажувам народот, работите во светот не одат во добра насока, но Србија е на вистинскиот пат, народот не треба да се грижи, ние сме тука да се грижиме за тоа, заклучи Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СВР Куманово изрече над 100 санкции за…

Денеска (14.08.2022) во времето од 14 –…

Василев ја пушти Украина низ вода: Ако…

Ако Гаспром може да испорача евтин гас…

Голем напредок на фронтот: Русите ја пробија…

Силите на Народната милиција на ДНР, со…

Се огласи српскиот амбасадор во Бугарија: Еве…

Амбасадорот на Србија во Бугарија Жељко Јовиќ…

Тетово “лета”: Изречени 149 санкции за брзо…

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (14…