Вучиќ повика на обединување на Србите

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ им се обрати на граѓаните на Србија од Претседателството на Србија и порача дека треба да се обединат.
„Време е да се обединиме во обид да ја придвижиме нашата земја напред, во обид да ја подигнеме стапката на раст, да ја доведеме застојаната инфлација под 8 проценти, да го подобриме животниот стандард на нашиот народ. Сите наши разлики да ги претвориме во наши демократски предности, но да почнеме да се занимаваме со сериозни проблеми. Ние кои треба да се справиме со ситуацијата на Косово и Метохија, како и сите останати, мора да направиме се што можеме за да ја придвижиме нашата земја напред. Ова е покана до сите луѓе во Србија. Ви благодарам на сите. И оние кои ми се закануваа со бесење и оние кои ми испраќаа пораки за поддршка. Само заедно можеме да тргнеме во иднината, која ќе значи подобар живот за нашиот народ“, порача Вучиќ на својот Инстаграм профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ бара помош од Меѓународната: Реагирајте за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ од Њујорк денеска…
Српска листа: Курти продолжува со насилство врз…
„Тој ги третира Србите на Косово и…
Што се случува?! Вучиќ бара итна седница…
Добивме наредба од претседателот на Србија, Александар…
Вучиќ од Њујорк: Не воведуваме санкции за…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време…
Средба Вучиќ-Ердоган во Њујорк
Претседателите на Србија и Турција, Александар Вучиќ…