Објавено на:

Вучиќ: Прашањето не е ДАЛИ, туку КАКО ќе преживееме – тешка позиција на Србија!

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со германската министерка за надворешни работи Аналена Барбок изјави дека разговорите во Берлин не биле лесни, но дека е задоволен од големиот интерес на германската Влада за разговор со Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Нашата позиција е тешка, секако ужасно комплицирана, а со изјавите на претседателот Путин таа дополнително е искомплицирана. За сето тоа ќе зборувам утре. Се плашам од се што следи, изјави Вучиќ пред новинарите во Берлин по средбата со Барбок.

Тој порача дека „не можеме да ја бираме и да ја смениме Германија“, и дека ако некој мисли дека Србија ќе го промени ставот на Германија за прашањето за Косово – „тоа нема да се случи“.

Тој неколку пати изјави дека утре вечер во своето обраќање до јавноста ќе зборува за сите проблеми и зошто „интересот на сите за Србија ќе стане уште поголем“.

Вучиќ кажа дека со Бербок разговарал за европската перспектива на Србија, кризата во Украина и ситуацијата во Косово и дека има делови од разговорот кои „не биле лесни“.

Запрашан дали „Србија ќе преживее“, тој одговори – секако.

-Прашањето не е дали ќе преживееме, туку како ќе преживееме – дали сакаме да поминеме со модринки или тешки рани, кажа српскиот претседател.

На прашањето дали е можен „посилен пресврт во српската политика“, тој кажа дека „не знае за каков пресврт, кога Србија е на европскиот пат“.

-Дали ќе има овакви или онакви тактички работи не мора да значи, тоа е прашање на дневното ниво на реакции, оцени Вучиќ.

Претседателот на Србија вчера се сретна и со канцеларот на Германија, Олаф Шолц, со кого одвоена средба имаше и премиерот на Косово, Албин Курти, како и со посредникот на ЕУ во дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Волкановски до Мекрегор: Ајде да се бориме,…

Австралискиот ММА борец со македонско потекло, Александар…

Кој би можел да стои зад нападите…

Сè уште не е јасно кој стои…

САД СО ДВЕ БАРАЊА ДО КОСОВО: „Повлечете…

Амбасадорот на САД во Приштина Џефри Ховенир…

ВО ПЕТОК НИ ДОАЃА СПОЕН ВИКЕНД –…

По неколкуте празници во месец мај, ни…

ДА ПОМОГНЕМЕ: Отворени се и телефонски броеви…

Потребно е да се соберат средства, за…