Вучиќ призна: Србија беше уценета да гласа “за” суспендирање на Русија од Советот за човекови права на ОН

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека неговата земја под закана од санкции и притисок ја поддржа суспензијата на Русија од Советот за човекови права на ОН.
Белград има блиски историски врски со Москва, но им се придружи на другите западни земји во гласањето против Русија оваа недела како одговор на нејзината тековна воена операција во Украина.
„Нашата првична одлука беше да се воздржиме, но потоа бевме изложени на безброј и тешки притисоци“, изјави Вучиќ за ТВ РТС.
Тие рекоа – дали знаете дека се носи одлука дали Србија ќе биде изземена од пакетот санкции за [руската] нафта и дали ќе може да увезува нафта по 15 мај?“, рече Вучиќ. Тој ги спореди можните ефект на санкциите врз Србија со „нуклеарен удар“.
За разлика од ЕУ, Србија не воведе никакви санкции кон Москва.
„Република Србија смета дека не е во нејзин витален политички и економски интерес да воведе санкции за која било земја“, рече Вучиќ, нагласувајќи дека сака да одржува добри односи со европскиот блок, како и со Русија.
Белград претходно изјави дека исклучувањето од руските енергетски извори ќе и наштети на неговата економија. Српските медиуми во петокот цитираа свои извори во Брисел дека Србија ќе биде изземена од можни санкции за руската нафта и гас.
Истовремено, весникот „Блиц“ го цитираше портпаролот на ЕУ Петер Стано, кој рече дека блокот очекува Белград да ги следи ограничувањата кон Русија или да воведе свои санкции кон Москва.
Генералното собрание на ОН во четвртокот гласаше за суспендирање на Русија од Советот за човекови права на организацијата. Србија беше меѓу 93-те земји-членки кои го поддржаа суспензијата.
ЕУ го забрани увозот на руски јаглен, но досега не го забрани увозот на нафта и гас. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, сепак, во средата рече дека на блокот ќе му бидат потребни санкции за руската нафта и гас „порано или подоцна“.
На крајот на февруари Москва започна голема воена операција во Украина по седумгодишниот конфликт во Донбас и поради тоа што Украина не ги примени условите од договорот за прекин на огнот од Минск. Протоколите, со посредство на Германија и Франција, беа дизајнирани да го регулираат статусот на отцепените региони во рамките на украинската држава, но никогаш не беа спроведени.
Русија сега бара Киев да го признае суверенитетот на Русија над Крим и Народните републики Луганск и Доњецк и официјално да се прогласи за неутрална земја која никогаш нема да влезе во НАТО. Русија исто така соопшти дека целта на операцијата е заштита на населението, како и демилитаризација и денацификација на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ ја зголемува социјалната помош за над…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Вучиќ не верува дека Србија ќе стане…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не…
САД ја поздравуваат нормализацијата на односите меѓу…
Портпаролката на Советот за национална безбедност на…
Германската влада до честитики за Косово и…
Портпаролот на германската влада Штефен Хебстрајт посочи…
Договорот од Охрид е гаранција за мирот…
Албанскиот претседател Бајрам Бегај ја поздрави, како што наведува…