Вучиќ: Работите се менуваат со молскавична брзина, нервозата на Запад се зголемува
„Во сабота на 8 октомври ќе се обратам до граѓаните, а потоа ќе зборувам за сите наши потези и мерки и каква политика ќе водиме во наредниот период, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој рече дека на Запад, нервозата се зголемува и дека многу луѓе ќе бидат вклучени во притисокот врз Србија.Тој додаде дека „работите се менуваат со молскавична брзина“.
На отворањето на новиот производствен капацитет на фабриката „Грундфос“, тој рече дека во наредните денови ќе се сретне со пратениците од Европскиот парламент, бугарскиот претседател Румен Радев, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, како и со претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и унгарскиот премиер Виктор Орбан и канцеларот на Австрија Карл Нехамер.
Додаде и дека треба да се почека 4 и 5 октомври кога има обид на т.н на Косово да започне процедура за прием за членство во Советот на Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД очекуваат два брана напади врз Израел
Американските разузнавачи очекуваат сценарио кое вклучува два…
Грција заплени кокаин вреден милион евра скриен…
Грчките власти заплениле кокаин вреден повеќе од…
Приведено лице од прилепско поради предизвикување пожар
На 05.08.2024 во с.Штавица, прилепско, полициски службеници…
НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ: 8 години…
Скопје денеска одбележува осум години од невремето…
Биткоинот со најголем пад за еден ден…
Пазарите на криптовалути се „олеснија“ за 270…