Вучиќ: Со Орбан ќе направиме нешто големо во одбраната

Во телефонскиот разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбан се согласив за подобрување на односите во сите сфери на општественото живеење, вклучително и воено-одбранбената сфера.
Ова го соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ. “Одличен разговор со големиот пријател на Србија Виктор Орбан. Разменивме мислења за актуелната политичка ситуација во светот, Европа, а особено во нашите земји. Се договоривме брзо да ги подобриме нашите меѓусебни односи во сите сфери на јавниот живот, вклучително и воено-одбранбената сфера”, објасни Вучиќ.
Српскиот претседател нагласи дека „го поддржува Орбан во неговите напори за зачувување на независноста на унгарската држава при одлучувањето и му се заблагодари за исклучителниот придонес во градењето на најблиските српско-унгарски односи“. „Наскоро потпишуваме важни и големи работи“, објасни понатаму Александар Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…