Вучиќ со порака од Пекинг: Можно е наскоро да поднесам оставка
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека неговиот мандат наскоро ќе истече и можно е да поднесе оставка, наведувајќи дека нема да го скрати својот мандат како што некогаш го правеше поранешниот претседател на таа држава Борис Тадиќ.
„Значи, можно е наскоро да поднесам оставка“, им рече Вучиќ на новинарите во Пекинг на почетокот од неговата посета на Кина, пренесоа белградските медиуми.
Тој, исто така, рече дека некои собири, осврнувајќи се на синоќешните во Белград, на Славија, не можат да вознемират, особено кога се без добро осмислена содржина, празни и не се особено бројни, обвинувајќи ги организаторите на собирот за инциденти по неговото завршување.
Како што изјави тој, Српската напредна странка ќе организира собири од 26 до 28 јуни, но „пораките што ќе им бидат испратени на граѓаните се поважни од нашите бројки“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ со порака од Пекинг: Можно е…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека…
(Видео) Матурска прослава во Босна излезе од…
Матурската вечер во градот Цазин во Босна…
Во руски напади погоден комплексот каде што…
Руските напади во Украина, со балистички ракети…
(Видео) Нов обид за атентат на Трамп?!…
Две лица се ранети во пукотница во…
Филипче: Мисијата на Кирил и Методиј е…
Претседателот на СДСМ Венко Филипче упати честитка…