Објавено на:

Вучиќ: Ќе биде „целосна катастрофа“ ако Бугарија ја запре испораката на гас од Русија

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денеска дека за Србија ќе биде „целосна катастрофа“ најавата на Бугарија дека ќе го затвори гасоводот доколку Русија почне да плаќа транзит во рубљи, јави Бета.

– Тоа за нас е целосна катастрофа. Сите други ќе добијат нешто. А ние немаме каде да добиеме ништо, освен преку Берегово од Унгарија или преку Балкански поток од Бугарија. А, ако го откажат, не знам што ќе правиме, изјави Вучиќ.

Тој рече дека најавата пристигнала „како гром од ведро небо“.

Вучиќ рече дека Србија ќе продолжи да се труди да купи што е можно повеќе гас, но дека тоа не е доволно за подолг период.

– Го изградивме системот (гасовод), плативме милијарда и пол. Направивме се и ништо не зависи од нас, изјави Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи повикува да се здружиме и да…

Наредните години се години на расчистување конечно…

Бугарската еврокомесарка ѝ се налути а Холнандија:…

Бугарската еврокомесарка, Марија Габриел, ја коментираше одлуката…

Патници доживеале хорор на пат од Скопје…

„Не заспивајте, да не треба да кршиме“,…

МВР го најде осомничениот за кражбата на…

По преземени мерки и активности, вчера во…

УЈП во октомври потрошила 28 проценти помалку…

Управата за јавни приходи (УЈП) во октомври,…