Габриел Бајрам осуден на три месеци затвор

Габриел Бајрам, син на починатиот пратеник Амди Бајрам, признал вина за насилството сторено во скопски ресторан. Кривичниот суд му изрече три месеци затвор за фрлањето шишиња и чаши кон келнер. Осуден е и неговиот син, кој доби условна казна. Габриел Бајрам е пуштен од истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари во домашен притвор, се
до правосилноста на пресудата.
Досега, Габриел Бајрам помина еден месец во затвор. Обвинителството сметаше дека тој може да избега и влијае на сведоци, а Кривичниот суд, го прифати ваквото тврдење.
Бајрам, не еднаш, туку повеќе пати е осудуван за ваков вид кривични дела.
Таткото и синот, насилството го сториле во ресторанот „Аквадукт“ на булевар „Словенија“ во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во среда ќе нема струја од 4…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре…
Хидранти нема ни во Совет на Општина…
Кумановските советници не дај Боже ќе изгорат…
(Фото) Тешка сообраќајна несреќа во Топанско Поле!
Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва се случи…
Во 59 минута најтажниот громогласен аплауз во…
На почетокот од 59. минута од вечерашниот…
Селективна правда втор дел? Зошто актуелни функционери…
Фејсбук страницата Bella Ciao продолжи да ги…