Објавено на:

Газпром ги затегна вентилите: Нема веќе руски гас за Германија

t

Пумпањето на гас преку гасоводот Јамал-Европа од Русија до Германија е прекинато од денеска во 9 часот по московско време, покажуваат податоците на германскиот оператор Гаскад (Gascade) и на аукциската платформа ГСА Платформ (GSA Platform).

Гаспром вчера го закупи капацитетот на Јамал-Европа од околу 750.000 кубни метри на час, што претставува речиси 20 проценти од неговата вкупна достава. Капацитетот руската компанија може да го користи од 08:00 часот по московско време на 4 март до 8:00 часот по московско време на 5 март.


Обемот на пумпање денеска од 8:00 до 9:00 часот по московско време бил 9.800 кубни метри на час, а од 9:00 часот по московско време преносот е целосно прекинат.

Гасоводот Јамал-Европа е долг 2.000 километри и може да носи до 33 милијарди кубни метри гас годишно, а поминува низ Русија, Белорусија, Полска и Германија. Овој гасовод, заедно со Северен тек и украинскиот систем за пренос на гас, е една од главните маршрути за извоз на руски гас во Европа.

Германија претходно соопшти дека почнала да купува гас заобиколувајќи ја Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија објави: Загубивме двајца високи офицери во…

Русија призна дека изгубила двајца високи офицери…

(Видео) Русија објави каде се и во…

Русија објави снимка од болница со борците…

Украинците разнеле оклопен воз полн со руски…

Украинските борци разнеле оклопен воз со руски…

Нов удар: Русија деновиве ќе го прекине…

Русија може да ја прекине испораката на…

На здравје нова војна? Русија подготвува изненадување…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија…