(Галерија) Одговорна младина: УМС ја спроведува акцијата „Недела на солидарноста“ ширум Македонија

t

Младинските политички организации неуморно и нескромно ја негуваат практиката на одговорност и хуманост спрема ранливите групи, како важна општествена и колективна карактеристика.

Преку десетици донации ширум Македонија, комитетите и комисиите на УМС при ВМРО-ДПМНЕ и оваа година повторно ја спроведоа акцијата „Недела на солидарноста“, преку која се приклучија на меѓународниот ден на солидарноста. Тие донираа прехрамбени и други најразлични производи со цел на скромен начин да придонесат за топлина и радост во домовите на семејствата на кои им е најпотребно.


Од таму велат дека, онаму каде што можат, секогаш се трудат да помогнат пред празниците.

Претседателот на УМС, Сергеј Попов, неодамна ја најави донаторската акција на фејсбук:

– „Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ го одбележува 20 Декември – Меѓународниот ден на солидарноста најавувајќи “Недела на солидарноста”

Со оваа скромна донација на облека би сакал да ја најавам еднонеделната акција на УМС.
Во седмицата што претстои структурите на УМС на целата територија на Република Македонија ќе организираат хуманитарни акции од најразличен карактер.
Солидарноста и хуманоста се основни човекови вредности и како такви се темел на скоро сите религии.
Би сакал да повикам, во овие тешки времиња во кои се соочуваме со здравствена, економска и многу други кризи, да бидеме солидарни и хумани, да им помогнеме колку што можеме на оние на кои што тоа им е потребно.
#УМСнаПотег
– пишува во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството ќе бара притвор за сите обвинетите…

Инфомакс открива дека обвинителството ќе бара притвор…

Со Мицкоски не сме во најдобар однос,…

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во…

Финансиската полиција уапси членови на ВМРО-ДПМНЕ меѓу…

Инфомакс дознава дека пред малку е уапсен…

Политиката и економската ситуација ги бркаат младите…

Политичката криза и лошата економска состојба се…

Се огласија од СДСМ: Еве кога ќе…

Експертизата на ВМРО-ДПМНЕ се криминалот и корупцијата,…