Објавено на:

Гаспром: Низ Уктраина тече гас за Европа, согласно барањата

t

Руски Гаспром објави дека денеска испорачува природен гас за Европа преку Украина во согласност со барањата на европските потрошувачи.

Според податоците, барањата за испораки денеска изнесуваат 92,1 милиони кубни метри, наспроти 92,4 милиони кубни метри во саботата, јави Тасс.

Во меѓувреме Еврокомесарот за енергетика Кадри Симсон вели дека ЕУ би можел да замени две третини од рускиот природен гас до крајот на годината.

Како што наведе таа, една третина ќе се добива од алтернативни добавувачи, но другата третина „мора да се замени со обновливи извори на енергија“.

Зборувајќи во Европскиот парламент, Симсон рече дека ЕУ се обратила до сите големи добавувачи на гас за да помогнат во замена на рускиот гас, а нејзиниот план исто така ќе ја замени употребата на гас со обновлива енергија или заштеда на енергија, каде што е можно, пренесува Ројтерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукашенко: Ако им треба помош на нашите…

Зборувајќи за време на државната посета на…

Еден гол му беше доволен на Интер…

Бранителот на пехарот во Купот на Италија,…

Заврши седницата на ИО на СДСМ: Еве…

(Интегрален текст од изјавата на Богданка Кузеска,…

(Видео) Грев е ова што ѝ го…

Грев е тоа што ѝ го прават…

(Видео) Ангелов ексклузивно за Инфомакс: На следните…

Доколку на наредните избори не добиеме 100%…