Гаши оствари средба со Агелер, се разговарало за предлогот на Алтернатива за политичката корупција
Претседателот на Алтернатива Африм Гаши денеска имал средба со амбасадорката на САД Анџела Агелер на која и ја претставил иницијативата за поднесување уставен амандман за спречување на неказнивност на политичка корупција.
Како што објави Гаши на својот профил на Фејсбук, оваа иницијатива треба да го надмине етничкиот дискурс и да се фокусира на владеењето на правото како приоритет за целото општество.
-Побарав поддршка од САД за овој амандман, бидејќи тоа е еден од најголемите чекори предложени досега, директно насочени кон борба против политичката корупција, наведува Гаши.
Посочува дека со амбасадорката се согласиле дека ја делат истата визија за иднината на земјата.
-Ја реафирмиравме заедничката заложба земјата да оди напред кон ЕУ и европските стандарди во општеството, како што е владеењето на правото. Разговаравме за плановите за забрзување на интеграцијата во ЕУ, вклучително и опциите за деблокирање на преговорите со ЕУ, преку уставните измени. Исто така, се согласивме дека сите политички фактори треба да го поддржат патот кон ЕУ и да ги стават граѓаните на прво место, во обид да обезбедат подобра иднина за сите, објави Гаши на својот профил на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД: Примирје во Газа е можно за…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува…
Трамп тврди дека Србија сакала да започне…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Србија…
Вучиќ: Време е да почнеме да го…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес нагласи дека…
Скопје домаќин на лидерска средба ЕУ –…
Во понеделник и вторник, Скопје ќе биде…
ОЈО Битола со наредба за истрага –…
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за…