Генерал Стојановски: Нашата Армија е добро обучена, со искусен персонал и треба да се гордееме со неа

t

Македонија е најмладата членка на НАТО, но има децениска соработка со НАТО.

-Ми пречат омаложувачките коментари па дури и на официјални лица за потенцијалите на македонската армија. Ние сме мала држава, но сега како полноправна членка можеме да седиме на иста маса со големите членки, тој клуб на привилегирани земји, и можеме да го изнесеме нашето мислење. Ние сме дале огромен придонес за НАТО во мисиите и тоа беше една од главните препораки за нашето влегување во Алијансата. Нашата Армија е добро обучена и со искусен персонал и никогаш не сме се посрамотиле кога сме оделе во мисија, иако имаме помалку софистицирана опрема, вели генерал потполковник Мирослав Стојановски, поранешниот началник на Генералштабот на Армијата, за Утрински брифинг.

Во новиот стратегиски концет се појавува и нова мисија, вели генералот и појаснува дека Русија се покажа оти може да врши кибернапади па дури и да влијае на избори во големи земји како што се САД.

-Ова што се случува и во Бугарија многу придонесува ваквите закани да опстојуваат во овој регион, па затоа Бугарија требаше да покаже дека е вистинска членка на НАТО а не да балансира на обете страни, коментира генерал Стојановски.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровска: 30 војници се на готовс, испраќаме…

„Солидарни сме со нашиот сосед и сојузник,…

Испраќаме војници, ама не во Украина: 31…

Владата на денешната седница на предлог на…

Генерал Стојановски: Нашата Армија е добро обучена,…

Македонија е најмладата членка на НАТО, но…

(Фото+видео) Припадници на единицата АБХО при АРМ…

Припадници на единицата на Атомско-биолошко-хемиската одбрана при…

АРМ ќе ги задоволува потребите за струја…

Водени од програмата на Владата во однос…