Германија ги отвори картите: Познат конечниот план за Косово

Германскиот пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин изјави дека крајната цел на Германија е да Косово ќе биде независна држава со целосни права во НАТО и во Европската Унија.
Сарацин додаде дека Приштина не треба да заборави дека има уште пет земји во ЕУ кои не ја признаваат и дека не сите имаат јасен став како Германците.
Запрашан дали Германија ќе и помогне на Приштина да влезе во НАТО, тој рече дека другите теми на кои работат, како што е Советот на Европа, моментално се на врвот на нивните приоритети.
Тој додаде дека Германија ја поддржува апликацијата на Приштина за членство во Советот на Европа и ќе направи се што може за таа да биде успешна.
Сарацин изјави дека Приштина знае дека има долг пат до конечната одлука, додавајќи дека тоа е како маратон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косово може да придонесе за подобра ЕУ,…
Косовскиот премиер Албин Курти на денешната средба со министерката…
Кој сака војна на Балканот? Вулин: На…
Министерот за внатрешни работи Александар Вулин денеска…
Русија го затвори гасоводот “Северен тек” до…
Рускиот гасовод „Северен тек“ до Германија ќе…
Брнабиќ: Приштина продолжува да се изживува со…
Премиерката Ана Брнабиќ рече дека последните одлуки…
Германија инсистира на укинување на забраната за…
Германската влада е огорчена од дејствијата на…