Објавено на:

Германија ги укинува антиковид мерките: Остануваат на сила само овие!

t

Германската Влада инсистира на укинување на повеќето мерки против епидемијата на коронавирусот и покрај новиот рекорден број новозаразени.

– Бројките влеваат страв, но согласно новите прописи сојузните држави имаат можност да реагираат индивидуално на моменталната епидемиолошка ситуација, рече германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах.

Согласно претходно договореното меѓу сојузните и покраинските власти, в недела се укинуваат сите антиковид мерки во Германија, освен задолжителното носење маска во јавниот транспорт и во здравствените установи.

Лаутербах укажа дека сојузните држави можат да прогласат и т.н. „хотспот“ мерки како реакција на евентуално неповолната епидемиолошка ситуација во одредени области.

Некои од сојузните држави, како Бранденбург, решија да не ги укинуваат сегашните мерки кога станува збор за влез во продавници или културни и спортски манифестации. Баварија најави можност „хотпот“ да прогласи на целата територија за да ги задржи воведните мерки.

Лаутербах укажа дека епидемиолошката состојба во земјата е далеку од тоа 20 март да биде прогласен за „ден на слободата“ т.е. моментот кога се укинуваат сите мерки.

– Не сме во ситуација да си дозволиме укинување на сите мерки, рече тој.

Коалициската социјалдемократско-зелено-либерална Влада на Германија утре би требало да расправа за измени во Законот за заштита од заразни болести што би се нашле на гласање пред пратениците во Бундестагот веќе в петок.

Државниот епидемиолошки институт „Роберт Кох“ денеска соопшти дека бројот на новозаразени со коронавирусот е 198.888 или 42 илјади повеќе отколку минатиот вторник и претставува рекорд од почеткот на епидемијата. Седмодневната инциденца изнесува 1585,4.

Лаутербах уште минатата седмица укажа на тоа дека бројките се „аларманти“, но оти смирува нискиот број пациенти на интензивните одделенија. Тој тогаш рече дека се уште е висок бројот починати од коронаворусот што се движи меѓу 250 и 300 дневно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Арсовска најави реконструкција на уште една…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска…

СДСМ: Докажаниот криминалец Мицкоски е фатен со…

Докажаниот криминалец Христијан Мицкоски е фатен со…

(Фото) Арсовска им честиташе на победниците: Успешно…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на…

(Видео) Ковачевски и Паунов “свртеле” 26 милиони…

Аферата броило значи само едно – трговија…