Германија итно бара датум за Македонија

t

Германскиот министер за европски прашања Михаел Рот изјави дека ЕУ мора да ги забрза пристапните преговори со земјите од Западен Балкан, бидејќи во спротивно други земји, како Русија и Кина, ќе го искористат овој момент и ќе го пополнат вакуумот, пренесува „Албаниан дејли њуз“.

Тој денеска потенцираше дека е дојдено време Македонија и Албанија да ги почнат преговорите со ЕУ.

– Нашите пријатели од Западен Балкан предолго чекаа. Мора да ги забрзаме преговорите, бидејќи ако ЕУ не е видлива, активна и доволно гласна, авторитарните режими, како Русија, Кина или Турција, ќе го пополнат вакуумот, а тоа апсолутно не е во германски или европски интерес – изјави Рот.

Осврнувајќи се на ситуацијата во Украина, Рот рече дека војната во Украина е голема трагедија и дека ЕУ мора да преземе поголема одговорност за да се постигне мир и стабилност во целиот регион.

– Ова не значи само во Источна Европа туку и во Западен Балкан. Ова е обврска за нас. И ако ја повикаме Украина, тоа не значи дека веќе не сме заинтересирани за продолжување на односите со Албанија и другите земји од Западен Балкан. Време е да започнеме преговори со Албанија и Северна Македонија што е можно поскоро, потенцираше германскиот министер. Не сум многу среќен со последниот развој на настаните, бидејќи ЕУ го изгуби кредибилитетот во регионот – потенцираше тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Илон Маск ја опцу украинската Рада:…

Илон Маск на неговиот Твитер профил реши…

Нагло се зголемила продажбата на антидепресиви во…

Продажбата на антидепресиви во руските аптеки се…

Историски момент за Русинката Ана Кикина: Стана…

Руски астронаут првпат по 20 години полета…

(Видео) Јакимовски до Мицкоски: Кој сакаше да…

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски вели…

(Во живо) БРУКА: Тројца адвокати наплатиле скоро…

Уредникот на Инофмакс, Александар Митовски, во денешната…