Објавено на:

Германија со апел до граѓаните: Секој киловат-час помага

t

„Газпром“ соопшти дека количината на гас што минува низ гасоводот „Северен тек 1“ ќе се намали на 67 милиони кубни метри дневно од 167 милиони кубни метри претходно оваа недела, наведувајќи ги потребните поправки.

Кратењата претставуваат приближно 60 отсто намалување на гасот за Германија преку гасоводот за само два дена. Европските земји се обидуваат да ја намалат зависноста од руските фосилни горива поради војната во Украина, но со ограничен успех.

Министерот за економија, Роберт Хабек во видео објавено на Твитер рече дека „сега е време“ да се заштеди на потрошувачката на енергија.

„Секој киловат-час помага во оваа ситуација“, рече Хабек. Иако испораките за Германија се сигурни со искористување од други, поскапи извори, „треба да бидеме внимателни“, рече Хабек. „Пред сè, не смееме да дозволиме да бидеме поделени, а тоа е намера на рускиот претседател Владимир Путин“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германското оружје се покажа како неуспешно во…

Германското оружје се покажа неуспешно во Украина.…

Германија планира да испрати војници во Босна…

Поради обидите на Русија да ја дестабилизира…

Германија е на работ на рецесија

Економскиот раст на Германија стагнираше во вториот…

Берлинскиот ѕид падна ама… Германците повторно поделени…

Германците се поделени на „западни“ и „источни“…

Хорор во Германија: Мајка ги фрлила децата…

Полицијата во градот Зарбрикен, во западна Германија,…