Германија ќе го апси Путин ако стапне на нивна територија

Претседателот на Русија ќе биде уапсен доколку ја посети Германија, изјави германскиот министер за правда Марк Бушман, пренесува „Ди Цајт“.
„Очекувам МКС брзо да стапи во контакт со Интерпол, како и со земјите-учеснички и да побара од нив да го исполнат барањето. Тогаш Германија ќе биде обврзана да го уапси претседателот Путин кога ќе влезе на германска територија и да го предаде на МКС – изјави министерот за правда.
Тој додаде дека ќе го исполни барањето на МКС ако „стапалата на Путин стапне на германска територија“, бидејќи земјата е под јурисдикција на судот.
Пред два дена, предистражниот совет на Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин и омбудсманката за правата на децата Марија Лвов-Белова. Тие се осомничени за вмешаност во „незаконски извоз на деца од Украина“.
Американскиот претседател Џо Бајден ја нарече оваа одлука оправдана, иако неговата земја, како и другите земји – Кина, Индија, Израел, не ја признаваат јурисдикцијата на МКС. Вашингтон постојано го обвинуваше судот за корупција и воведува санкции против неговите вработени.
Како што нагласи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, самото покренување на прашањето за апсењето на Путин е неприфатливо – Москва не ја признава јурисдикцијата на МКС и смета дека секоја нејзина одлука е ништовна од гледна точка на законот, пренесе РИА.
Во меѓувреме Владимир Путин по посетата на Крим го посети и Мариупол. Возејќи го својот автомобил, претседателот на Русија посети неколку нови станбени квартови, разговараше со граѓаните, ги посети реновираната зграда на Филхармонијата, аеродромот и морскиот брег во Мариупол.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Пендаровски се сретна со германската МНР:…
Претседателот Стево Пендаровски ја прими Аналена Бербок,…
(Вознемирувачко видео) Врснички со часови мачеле 13-годишно…
Група девојчиња се осомничени дека со часови…
МНР обоено во боите на германското знаме…
По повод на утрешната посета на сојузната…
Германската влада до честитики за Косово и…
Портпаролот на германската влада Штефен Хебстрајт посочи…
Германија ќе го апси Путин ако стапне…
Претседателот на Русија ќе биде уапсен доколку…